Спец. д-р Валентина Богоевска -Димитриевска вечерва гостува во емисијата СТАВ

Колку и кои болести можат да се превенираат со редовна вакцинација на децата, задоволува ли опфатот на вакцинираните во Куманово согласно Календарот за имунизација, каква одговорност може да сноси родителот, има ли интерес кај момчињата за деветвалентната ХПВ вакцина, дали вакцините се безбедни и ефикасни?

Ова се само дел од темите на кои што вечерва во емисијата СТАВ разговараме со д-р Валентина Богоевска Димитриевска, специјалист по педијатрија и раководител на превентивна- здравствена заштита во ЈЗУ Здравствен дом Куманово.