Од утре започнува акција за собирање на кабаст отпад
Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило, по насоки дадени од Министерството за животна средина и просторно планирање, организираат акција за собирање на кабаст отпад, информираат надлежните.
Акцијата ќе започне утре ( 15.02.2025), а ќе трае до 20 февруари на три локации, кај паркингот кај спортската сала, паркингот кај ТППЕ Куманово (пожарна) и паркинг просторот во урбаната заедница Гоце Делчев (кај кошеви). Ваквите акции ќе продолжат и во март и април.