17 февруари, ден на македонското новинарство

На денешен ден, 17 февруари, во 1946 година во Скопје било основано Здружението на професионалните журналисти во Македонија. За прв претседател бил избран Мито Хаџивасилев – Јасмин.

Мито Хаџивасилев – Јасмин бил еден од најпознатите македонски новинари и публицисти. Бил директор и главен уредник на весникот „Нова Македонија“ од 1945 до 1947 и 1962 година. Тој е првиот претседател на Здружението на новинарите на Македонија, а државната награда со која се оддава признание за остварување во областа на публицистика и новинарство во Македонија го носи неговото име. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ која се доделува секоја година, за првпат е доделена во 1969 година.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е официјалното здружение на професионалните новинари од Република Македонија и членка на Меѓународната федерација на новинари.