Полициски службеници од СВР Куманово вчерапопладне лишиле од слобода 39-годишен кумановец бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници вчера лишиле од слобода и 35-годишен кумановец. При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени шприц со кафеава течност и прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Синоќа, во 22 часот бил лишен од слобода и 31- годишен жител на липковското село Ваксинце, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Полициски службеници од СВР Куманово утрово во 02 часот лишиле од слобода 39-годишен кумановец бидејќи агресивно се однесувал и се заканувал кон братот на неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.