ВИДЕО: Матичните лекари се против измените во „Мој термин“
И матичните лекари од Куманово не ги поддржуваат измените во „Мој термин“ според кои за секој пациент треба да имаат верификуван телефонски број.
Претседателот на Здружението на приватни лекари од Куманово, д-р Фатмир Асани информира дека вчера без претходна најава од „Мој термин“ односно Управата за електронско здравство добиле наредба да верификуваат мобилни телефони на пациентите пред да им биде овозможено да ги прегледуваат.