ВИДЕО: Трендевски: Не е исполнето ниту едно барање за Краста
Жителите на кумановското село Пчиња денеска со поплаки дека и по неколку месеци од последната блокада на Краста и постигнатиот договор со надлежните дека ќе бидат исполнети одредени барања, ништо не се презема во врска со депонијата. Дел од барањата на месното население се да се постави видео надзор, да се обезбеди довод на хидрантска мрежа, осветлување на Краста, моменталната локација да не биде претоварна станица за регионална депонија, да се преземат санитарно-хигиенски и ветеринарни мерки за спречување на размножување на инсекти и стаорци и останати.