Придобивки од Солидарен фонд и членарина за пензионерите

Скоро осум децении постои и функционира солидарниот пензионерски фонд како облик за остварување на пензионерската солидарност, заснована врз принципите на меѓусебна зависност, човечка солидарност и хуманост. Солидарниот фонд за посмртна помош и членарина пензионерите сами го формирале за да ги обезбедат членовите на семејството во случај на нивна смрт, а со членарината ги развиваат пензионерските активности преку кои ги бранат интересите на пензионерите во промовирање на ставовите и мислењата за прашања од нивен интерес, поведување иницијативи и учество во градењето на јавното мислење и креирањето на политиките.

На ниво на државата има над 340.000 пензионери, од кои 95 проценти доброволно се изјасниле за пристапување кон солидарниот фонд, информира Снежана Андова , делегат од Здружението на пензионери Куманово во Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, член на Извршен одбор во Сојузот, претседател на Одбор за регистрирана организација за солидарен фонд и членарина.

Целосното интервју ќе биде емитувано утре, веднаш по вестите.