Заталкано зрно од огнено оружје во двор на семејна куќа
Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека изминатиов викенд 25 -годишна жена од Куманово пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Во друг случај, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од
слобода 45-годишен кумановец бидејќи од приватен имот на улицата „Лесковачка“ одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР Куманово информира и дека кумановец пријавил дека во
неговиот двор на улицата „Горно Милановачка“ пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Проектилот бил подигнат за понатамошна обработка, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
Полицијата работи на целосно расчистување на случаите.