Неколку интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден
Во текот на вчерашниот ден пријавени се неколку пожари на отворено, а во најголем дел од нив горела сува трева, најверојатно од палење на стрништа.
Осум од пожарите се на територијата на кумановско, а два во реонот на општина Старо Нагоричане. Во текот на вчерашниот ден пожарникарите интервенирале во селата Орашац, Табановце, Бељаковце, Доброшане, Черкезе, а опожарено електично броило и столб имало во с.Долно Којнаре.
Во општина Старо Нагоричане пожар имало во с.Ругинце и во Сув Орах. И таму горела сува трева.
Од ТППЕ Куманово ги потсетуваат граѓаните дека палењето стрништа е казниво со закон. казниво со закон.