По извршените обдукции, Обвинителството и Министерството за здравство ја објавија возраста на сите кои животот го загубија во кочанската дискотека „Пулс“ кој се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март.
Според информацијата на ресорното министерство, најмладите тројца загинати биле родени во 2008- та година и уште три жртви родени во 2007-та година. Највозрасниот од загинатите имал 48 години.
Во Штип, во Кочани, во Чешиново Облешево, но и во Скопје и други места денеска се погребаа посмртните останки на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Претходно, Владата издаде посебен протокол за медиумите и присуството на последното испраќање на жртвите од пожарот.
На погребот присуствуваше и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, како и неколку владици од Синодот.
Претходно, од МПЦ – ОА замолија за достоинствено и христијанско однесување, а пак, Владата издаде посебен протокол за медиумите и присуството на последното испраќање на жртвите од пожарот.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата наутро загинаа 59 лица, а над 170 се повредени.
Животот го загубија Алексова Стефанија 2004, Џамов Јорданчо 1993, Трајчев Иван 2000, Ѓоргиев Џоко 2000, Коларов Александар 1981, Величков Иван 1998, Стојанов Андреј 2000, Антова Ивона 2003, Христовски Павел 2004, Димитријев Диме 1994, Насевски Никола 2007, Богданов Тоше 1994, Тодоровски Тоше 1988, Коцева Ана 2004, Живков Адријан 2000, Петрушов Гордан 2001, Горгиев Игорче 1976, Стевановски Филип 1988, Стојанов Томче 2003, Стоименова Моника 1999, Стојанов Стојанчо 1988, Пројковска Николовска Capa 1977, Шопова Марија 1997, Ивановски Петар 2004, Ѓорѓиев Александар 1991, Марковски Матеј 2007, Закова Бојана 1997, Василков Ѓорѓи 1999, Петров Александар 1999, Минова Драгана 2008, Алексова Capa 2006, Ѓорѓиески Андреја 1982, Ивановски Филип 2008, Јорданова Capa 2007, Стрезоска Марија 2001, Ефремов Александар 1992, Велков Игор 1980, Тасева Стојковска Лепа 1998, Атанасовски Мартин 1996, Алексов Александар 1986, Минов Божидар 2001, Милковска Кети 1999, Златков Томас 2003, Соколова Стефанија 2005, Велков Леонид 2007, Наунова Надица 2007, Јорданов Виктор 2000, Панов Андреј 2000, Иванов Димитар 2008, Стоименов Спиро 1998, Владимиров Јове 1993, Андонов Ице 2003, Тасевски Стефан 1988, Величков Ѓорѓи 1994, Стојанов Александар 1986, Христова Сања 1999, Танески Дамјан 2006, Спасова Моника 1998 и Лазаров Андреј 1999.