Од 47 -те повредени лица во пожарот во Кочани кои се лекуваат во македонските клиники, десет пациенти денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, објави министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција во Скопје.
„Во моментот на лекување се 162 пациенти, од кои 47 во домашните болници, а 115 во странство. Освен едно лице во Турција, кое е во многу сериозна состојба и неколку во покритична состојба, сите останати се во стабилна состојба“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство
Таравари кажа дека од наредната недела се очекува дел од нив да почнат да се враќаат во Македонија ,а тие требада подготват протоколот за нивното враќање во Македонија. Како што кажа Таравари, по враќањето на повредените од странство, првин ќе бидат прегледани од лекар па потоа пуштени дома.