Се асфалтираат улици во кумановско
Привршува поставувањето на бекатон плочи на улицата „104“ во населбата Карпош, а во тек се подготовките за асфалтирање на уште една улица.
„Наскоро и улицата „325“ во населбата Ајдучка чешма ќе добие асфалтна подлога“, информираше градоначалникот Максим Димитриевски, најавувајќи дека градежните зафати ќе продолжат и во другите делови на градот.
Во меѓувреме општината поставува и детски катчиња.