Приведени три лица осомничени за убиство

Министерството за внатрешни работи информира дека вчеравечер во 18.25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода тројца жители на село Луке, кривопаланечко на возраст од 19, 24 и 44 години.

„Тие се сомничат дека го убиле  84-годишен жител на истото село, кој на 29.03.2025 год. бил пријавен за исчезнат. Телото на починатиот било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

 По насока на јавен обвинител, телото  е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.