ВИДЕО: Ученици од „Наце Буѓони” најдобри во струката на државен натпревар

Матеј Глигоријевски од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ освои прво место во теоретско знаење од електротехничка струка ( електротехничар за компјутерска техника и автоматика) на Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Македонија, кој се одржа на 8 и 9 мај по 42-и пат во СЕТУГС „Михајло Пупин” – Скопје. Успехот е постигнат под менторство на наставничките Јелена Поп Глигорова и Марија Крстевска.

Освен Матеј, уште четири ученици од техничкото училиште постигнаа одлични резултати на државно ниво.

Наум Богдановски освои второ место во теоретско знаење од електротехничка струка (електротехничар енергетичар), ментор – Тони Ристески.

Леонид Тодоровски освои трето место во теоретско знаење од електротехничка струка (техничар за индустриска мехатроника), под менторство на наставниците Новица Ѓорѓевски и Давор Јордановски.

Ива Диневска, исто така освои трето место во теоретско знаење од машинска струка (машинско енергетски техничар), под менторство на наставниците  Предраг Додиќ, Ненад Петковски и Слаѓан Ѓорѓевиќ.

Четврто место во теоретско знаење од машинска струка (техничар за компјутерско управување) освои Марко Илиевски.
Ментори: Мартина Максимовиќ, Дафина Митковска и Жаклина Тошиќ.

„Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде  учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта“, велат од училиштето.