ВИДЕО: Премиера на претставата „Калигула“ на Театар Куманово

Претставата „Калигула“, по текст на Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески, на Театар Куманово премиерно ќе биде изведена на 19 мај во 20 часот.

„Претставата се игра на камерна сцена со ограничен број на посетители во Центарот за култура, беше кажано на денешната прес-конференција.

Во претставата играат актери од ансамблот на Театар Куманово: Марко Трајковиќ,  Александра Михајловска, Владанка Крстевски, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Величковиќ, Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ и гостите Илин Јовановски, Никола Милошевски, Луна Маријановиќ, Теодор Јакимовски. Во претставата учествуваат и гости-танчери: Ева Пауновиќ и Јована Таневска.

Првата реприза на „Калигула“ е закажана за 26 мај, со почеток во 20 часот.

Ова е еден од проектите за македонска драма поддржани од Министерството за култура и туризам.