Шест награди за средношколци од „Наце Буѓони“ и двајца наградени ученици од основното училиште „Браќа Миладиновци“ на Државниот натпревар за млади истражувачи кој изминатиот викенд се одржа во Куманово.
Од ОСТУ „Наце Буѓони“, од областа на роботика прво место освои Матеј Глигоријевски, а второ Андреј Јаковски.
Во категоријата автоматика втор е Дарко Строимановски, а пофалница за областа примена на софтвер доби ученичката Ева Тимчевска. Ментор на овие ученици е наставникот Марјан Спасиќ.
Прво место во категоријата дизајн на веб страници освои ученикот Георги Станојковски, под менторство на наставникот Ненад Ставревски.
Павел Божиновски освои второ место за примена на софтвер, под менторство на наставничката Јелена Поп Глигорова.
Ева Филиповиќ, ученичка од здравствената струка освои трето место по биохемија, а нејзин ментор е Ленче Анѓеловиќ Ѓоршевска.
Матеј Спасиќ од основното училиште „Браќа Миладиновци“ освои прво место, а Леонид Станишковски, исто така деветоодделенец во „Браќа Миладиновци“ освои трето место. И двајцата се наградени во областа комјутерска техника под менторство на наставничката Јулијана Величковски Петковска.