На 28 и 29 мај годинава Центарот за култура ќе биде точката на убавата литература, убавиот збор и одличните гости. Двете вечери на Меѓународниот фестивал на прозата започнуваат од 20 часот во фоајето на Центарот за култура.
Оваа година во склоп на на МФП 2025 година ќе биде отворена и изложбата на илустрации за деца на нашата илустраторка Ивана Ниба која прави совршени илустрации на книгите за најмладите.
Отворањето на изложбата е на 29 мај во четврток во 11 часот во фоајето на Центарот за култура Куманово.