Поставени заштитни столбови во Соколанскиот парк
Општина Куманово постави заштитни столпчиња на влезот на Соколански парк заради, како што велат надлежните, подобрување на безбедноста на пешаците и заштита на пешачката патека од несоодветно користење од страна на моторни возила.
„При поставување на овие заштитни столпчиња (познати и како антипаркинг столпчиња), запазени се потребните мерки за да се овозможи непречено движење и поминување на лица со инвалидски колички, мајки/татковци со детски колички и лица со намалена подвижност“, стои во објавата на социјалните медиуми.
Според надлежните, оваа мерка ќе овозможи непречено движење на посетителите и ќе придонесе за ред и сигурност во паркот.