Во Куманово ќе се отвори почесен Конзулат на Казахстан
Општина Куманово и градот Караганда потпишале Меморандум за соработка, информираат од локалната самоуправа во соопштението испратено до медиумите.
Меморандумот за соработка подразбира развој на односите помеѓу локалните самоуправи, размени на идеи и искуства во социо – економскиот живот, култура, спорт, образование, соработка на младински организации и др.
-Наскоро во Куманово ќе биде отворен и почесен Конзулат на Република Казахстан кој веќе има именувано свој почесен конзул во нашиот град, објави Димитриевски на ФБ.
Тој информираше дека следува и иницијатива за организација на заеднички бизнис форум на претставници од двете држави кој би се одржал во Куманово.