Се породила и го фрлила бебето во река

Деветнаесетгодишната А.М од село Матејче, Општина Липково, која била во поодмината бременост, извршила чедоубиство, информираше кумановската полиција. Имено вчера откако почнала да крвари, заминала во тоалет во нејзината куќа, каде се породила, по што го извадила бебето и го фрлала во река која поминува зад нејзината куќа.

Но, откако и се влошила состојбата нејзините родители ја пренеле во општата болница во Куманово, каде лекар гинеколог утврдил дека истата се породила во период од 24 часа. Околу 11 часот и 30 минути од болницата го пријавиле настанот во СВР Куманово, по што е пронајдено бебето.

Со настанот е запознаен јавен обинител по чија наредба од страна на лекар од судска медицина над А.М ќе биде извршен гинеколопшки преглед а телото на бебето кое било пронајдено ќе биде предедаено на судска медицина заради обдукција.

Полицијата информираше дека е извршен целосен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот.

Коментари

коментар(и)