Вонредна крводарителска акција

Вонредна крводарителска акција се одржа денеска во Центарот за Култура Трајко Прокопиев. Организатори на акцијата се општинската организација на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.

-Кумановци се доста хумани, даруваат  доволно крв, до сега имаме соберено 24 крвни единици, се надевам дека уште ќе даруваат-изјави Бисера Ѓошевска волонтер во Црвен крст Куманово.

Ова е втора вонредна крводарителска акција која се одржува во летниот период.

-Крводарителите доаѓаат првин кај нас, им го проверуваме притисокот, хемоглобинот во крвата и според тоа ги одредуваме другите параметри, се потполнува прашалник и проверуваме дали се во ред за дарување. До 12 часот имаме голем одзив, очекуваме да биде уште поголем-истакна трансфузиолог Јасмина Трајкова од Институт за трансфузиона медицина Скопје.

Крводарителите истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во ваквите хуманите акции.

– Три пати дарувам крв, заради хуманост но и за сопственото здравје. Планирам да продолжам и во иднина-истакна крводарителот, Стефан Стојановски.

Крводарителската акција започна во 9 а траеше до 15 часот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)