Четири кандидатури за градоначалник, а осум за листа на советници поднесени се до Општинската изборна комисија во Старо Нагоричане.
За Општина Липково поднесени се две кандидатури за градоначалник и две за советнички листи во Општинската изборна комисија.
-Во меѓувреме до Општинската изборна комисија се поднесени осум кандидатури за листи на советници, од кои, како што појасни денеска претседателот на ОИК, Марјан Даиловски, една листа се уште не е потврдена.
– Работиме на листите се уште, за градоначалници имаме четири листи, сите се партиски и сите се потврдени до сега. За Совет имаме осум листи од кои една уште не е потврдена, седум се потврдени, една се уште не е, чекаме, немаме добиено потврда за едно лице од Основен суд Скопје 1 за едно лице, изјави Даиловски.