Полициски службеници од СВР Куманово вчера на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово лишиле од слобода 46-годишен кумановец, информираат надлежните.
Според полицијата, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл „кимко“, управуван од лицето и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
-По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.