Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатиот ден гаснеле опожарена сува трева покрај автопат Куманово – Скопје кај селото Романовце и Агино село. Пожарникарите на различни локации интервенирале четири пати, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, на територијата на Општина Липково, кај селото Гошинце (Лукаре) во текот на вчерашниот ден шумскиот пожар бил гаснет од воздух, со авиони на Дирекцијата за заштита и спасување кои интервенирале 14 пати. Пожарот е во помал интензитет, но се уште е активен, информираат од РЦУК.