„Куманово е град кој отсекогаш пулсирал со спортски дух. Од нашите сали и игралишта произлегле генерации талентирани спортисти, шампиони и идоли на младите. Градот кој ги изнедри освојувачите на олимписки медали и светски европски шампионати, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и многу други, повторно ќе раѓа нови спортски јунаци,“ истакна Филиповски, додавајќи дека спортот во Куманово не е само натпревар, туку „начин на живот – симбол на заедништво, борбен дух и гордост за целиот град.
Во изминатите осум години докажавме дека знаеме да вложуваме во спортот и младите. Го реконструиравме најголемиот спортски објект во градот – Спортската сала, која денес е целосно обновена со професионален под по ФИБА стандарди, со модерно озвучување, осветлување, семафори и нови реквизити. Сала која е вистински дом за нашите спортисти и инспирација за новите генерации.
Нашата визија е Куманово да биде вистински град на спортот – центар каде што секое дете, секој млад човек и секој рекреативец ќе има пристап до современи спортски објекти и можности. Во следниот период ќе вложиме уште повеќе: нови спортско-рекреативни комплекси, модерни игралишта, велосипедски и трим-патеки, street workout зони и адреналински парк за младите, најави кандидатот за советник.
Се планира целосна реконструкција на Соколана, поставување на нов систем за греење и ладење и соларни панели во Спортската сала, како и реконструкција на спортскиот комплекс во поранешниот Дом на АРМ и неколку училишни спортски сали.
Нашата заложба е спортот да биде достапен за сите – за децата, за младите, за професионалците и за постарите генерации. Спортот обединува, гради тимски дух и нè учи на фер игра. Куманово заслужува спортска инфраструктура која ќе одговара на неговиот потенцијал, спортски клубови кои ќе растат и ќе се натпреваруваат со најдобрите, генерации што ќе израснат здрави, дисциплинирани и горди на својот град.
Куманово е и ќе остане град на спортот. Тоа е нашата визија, нашата цел и нашата обврска. Заедно со младите, со клубовите, со спортските работници и сите љубители на спортот – ќе продолжиме да го градиме Куманово како град на победите и на иднината!“, кажа Синиша Филиповски, кандидат за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово.
ИНТЕГРАЛНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
Видеото по 18 часот.