Општинска стипендија за најдобрите матуранти од Куманово, најави на денешната прес-конференција Соња Тодоровска, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата.
„Секоја генерација има свои ѕвезди- матурантите кои постигнуваат врвни резултати, кои вложуваат труд, љубов и знаење. Тие не се само гордост на своето училиште, туку и идни лидери на нашата заедница. Со нашата програма, секоја година, учениците кои ќе завршат средно образование со највисок успех добиваат општинска стипендија за продолжување на своето високо образование. Тоа ќе биде симбол на признание, но и поттик да продолжат да се развиваат тука, во Куманово. Нема да дозволиме повеќе најдобрите да мораат да заминат од својот град за да бидат ценети.
Општината мора да ги задржи своите таленти, а тоа почнува со вистинска поддршка уште од училишните клупи. Уште една иницијатива од Програмата е и целосна дигитализација на средните училишта. Во 21-ви век, училиште без дигитална инфраструктура е како библиотека без книги. Затоа, нашата цел е до крајот на мандатот сите средни училишта во Куманово да бидат целосно дигитализирани. Нашата цел е до крајот на мандатот сите средни училишта во Куманово да бидат целосно дигитализирани“, изјави Тодоровска.