МВР: Четиригодишно дете испило повеќе таблети, случајот пријавен во полиција

Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово ги издвојуваме настаните:

СВР Куманово соопшти дека ноќеска (20.11.2025) во 04:05 часот било пријавено дека во Ургентниот центар е донесено четиригодишно дете за укажување на лекарската помош, кое што во домот испило повеќе таблети. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 55-годишен кумановец затоа што агресивно се однесувал и се обидел со тврд предмет физички да нападне полициски службеник кој вршел службени дејствија. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници синоќа лишиле од слобода и 18 годишник бидејќи се заканувал на врсничка од Куманово, а подоцна и агресивно се однесувал кон неговата 46-годишна мајка. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.