„Walk of Power“ е колекција од модната дизајнерка Сара Величковска и моделарот Славица Симеуновиќ што ќе биде прикажана утревечер на првата модна ревија во Куманово што ќе се одржи во ресторан Аура со почеток во 19.30 часот.
Сара Величковска е модна дизајнерка која својот професионален развој го гради во Италија, каде ги завршува магистерските студии во Фиренца. Нејзиниот дизајнерски израз е препознатлив по јасни силуети, чисти линии и современа интерпретација на класичната женственост. Сара создава колекции што ја спојуваат уметноста, формата и елеганцијата, при што секое парче носи силен визуелен идентитет и карактер.
Славица Симеуновиќ е моделар со професионално образование стекнато во Падова, Италија. Нејзината работа е темелена на прецизна конструкција, техничка точност и совршено изработени кроеви. Славица е препознаена по способноста да ја претвори креативната идеја во беспрекорно скроено модно парче, комбинирајќи функционалност, елеганција и чиста естетика.
„Walk of Power“ е колекција инспирирана од женската моќ и елеганцијата на 40-тите и 50-тите години. Со структуирани форми, нагласени линии и современи детали, колекцијата ја слави жената што чекори со сигурност и присуство. „Walk of Power“ претставува спој на класични пропорции и модерен израз – визија за женственост што остава впечаток.
Колекцијата „Walk of Power“ не би била целосна без извонредната поддршка од креативниот тим кој придонесе за целосниот визуелен и стилски впечаток. Шеширите се изработени во соработка со Pavo Style, додека уникатниот накит е дело на Бисерка. За фризурите се погрижи тимот на Bad Style, а за шминката — Berin Make Up и Melina Essential Beauty. Декорацијата на ревијата беше реализирана во партнерство со Studio Mitanovski, чиј визуелен концепт ја заокружи целата атмосфера на модниот настан. исто така подржани од Macy’s Beauty и Villa Toni i sponzor Ozone gold macedonia
