Новиот в.д. директор на јавното претпријатие „Водовод“ е Игор Липковски.
Липковски, кој инаку е член на Движењето ЗНАМ и беше кандидат за советник на локалните избори, на оваа позиција доаѓа од Одделот за човечки ресурси во ЈП „Водовод“ Куманово.
Со ЈП „Водовод“ изминатиот период менаџираше Оливер Стојмановски.
