Ќе се изработува Стратегија за вработување во општината

Во просториите на Општина Куманово се одржа четвртата работна средба на Локален економско – социјален совет на која се дискутираше за тековните иницијативи за локален економски развој, информираат надлежните. Според соопштението испратено до медиумите, во рамките на новоформираната комисија за локален економски совет за претставник на здружението на работодавачите е избрана Бисера Серафимовска. На средбата биле донесени заклучоци и предвидени понатамошни активности.

 „Преку Одделението за ЛЕР при Општина Куманово во партнерство со ЛЕСС ќе се работи на изработка на Стратегија за вработување во општината. Се спроведе иницијативата за давање приоритет на домашни компании, преку искористување на постојните индустриски зони или формирање на нови зони. Детално ќе бидат анализирани можностите за гасификација и состојбата на водоводната мрежа во зоната Добрoшане. Ќе се спроведе јавна расправа за новиот предлог – закон за компании, регистрирани за вработување на лица со попреченост“, пишува во соопштението од Општина Куманово.