Шест ипол милиони денари ќе бидат одвоени од општинскиот буџет за субвенционирање на линискиот превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово во декември. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Советот. Советниците дадоа зелено светло и на предлог – одлуката за субвенционирање на линиски превоз на патници за претходно утврдени линии помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. За оваа субвенција до крајот на 2025 година, општината ќе одвои 650.000 денари.
„Мерката субвенционирање на општинскиот линиски превоз започна да се спроведува од први јанури 2023 година, преку 26 линии, а методологијата за пресметка е 50 денари по изминат километар“, истакна Лидија Ланг Спасовска, раководител на Сектор за комунални дејности.
