Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчера во 12:20 часот полициски службеници лишиле од слобода 58-годишен жител на село Тромеѓа, кумановско.
Според СВР Куманово, постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.