Министерството за внатршни работи информира дека во пробниот период на системот „Безбеден град“ камерите регистрирале рекордер во пречекорување на дозволената брзина. На први декември на скопската обиколница, возач го управувал возилото со брзина од 231 километар на час.
Според податоците на МВР, за два дена било забележано дека вториот ден бројот на прекршоци бил преполовен односно биле регистрирани 50 652 прекршоци за 24 часа за разлика од 1 декември кога системот евидентирал 110 илјади прекршоци.
Иако проектот „Безбеден град“ веќе работи на подрачјето на Скопје, системот за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци сè уште не е активиран во Куманово.
Надлежните планираат негово проширување и во Куманово и Тетово до крајот на месецот.
