Пожарната од Куманово доби донација од Австрија

Територијалната противпожарна единица Куманово доби уште едно противпожарно возило од Австрија.

Возилото TLF 2000, како што информираат од доброволната противпожарна служба во Серфаус, беше свечено предадено на шести декември, а во наредниот период ќе служи во Куманово, надградено во спасувачко возило со дополнителна опрема.

За пожарникари од ТППЕ Куманово беше спроведена и практична обука во Австрија, на која детално беа покажани сите можности на возилото.