Одбележан празникот Свети Климент Охридски  

Во Занаетчиски дом денеска се одржа културно – уметничка манифестација, во чест на просветителот Свети Климент Охридски, заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква, писател, учител и основач на Охридската книжевна школа, информира Општина Куманово преку соопштение испратено до медиумите.

Во соопштението се вели:

Присутните на настанот имаа можност да проследат краткометражен документарен филм за ликот и делото на Св.Климент Охридски, литературно читање на поетски творби и извадоци од познати дела и да разгледаат изложбена поставка на книги, позајмени од градската библиотека. Учествуваа ученици од ООУ „Браќа Миладиновци”, СОУ Гимназија „Гоце Делчев” и ОСТУ „Наце Буѓони”, а посебно внимание привлекоа стиховите на песната „Ни кадифе, ни смола”, дело на ученичката Дарија Трендафиловска во здравствена струка.

Настанот беше во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, во соработка со ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово.