Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово
На 08.12.2025 во 15:30 часот во СВР Куманово, А.Е.(30) од Куманово пријавил дека во угостителски објект во локалитет „Гарнизон“ во Куманово со тврд предмет бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.12.2025 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.А. (56) од село Черкезе, кумановско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол со рамка со седум куршуми. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 08.12.2025 во 14:20 часот во село Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.Н.(44) од Куманово. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 104 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.
На 08.12.2025 во 07:55 часот на улица „11 Октомври“ во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Г.(19) од село Романовце, кумановско. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 91 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.
На 08.12.2025 во 01:46 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.С.(23) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,84 промили алкохол во крвта.
На 09.12.2025 во 03:20 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(26) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
