Наградени ученици од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ на МАКИНОВА 2025

„Ученици од нашето училиште земаа учество на 46-та МАКИНОВА и 23-та ЕКОНОВА 2025 година кои во организација на Народна техника на Македонија, СПАТУМ и Министерство за образование и наука се одржаа во СОУ,, Киро Спанџов Брко”  Кавадарци од 5-7 декември“, објави ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово.

Според објавата, ученици од здравствена и електротехничка струка се претставиле со своите трудови и иновации, како и секоја година.

Ученикот Павел Божиновски од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика освои 1-во место на Меѓународна изложба за иновации 46-та Макинова (ментор-  Јелена Поп Глигорова).

Ученичката Софија Цветковска од насоката медицинска сестра  освои освои 1-во место на  Еконова (ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ ).

Ученикот Матеј Глигоријевски од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика освои пофалница за учество  на Меѓународна изложба за иновации 46-та Макинова (ментор-  Јелена Поп Глигорова).

Ученичката Ива Насковска од насоката медицинска сестра освои пофалница за учество на 23-та Еконова (ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ ).

Ученичката Јана Марковска од насоката медицинска сестра освои пофалница за учество на Меѓународна изложба за иновации 46-та Макинова (ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ ).

Ученичката Елеонора Милошевска од насоката медицинска сестра освои пофалница за учество на Меѓународна изложба за иновации 46-та Макинова (ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ ).

Ученичката Дарија Трендафиловска од насоката медицинска сестра освои пофалница за учество на Меѓународна изложба за иновации 46-та Макинова  (ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ ).

Ученичката Ева Филиповиќ од насоката медицинска сестра освои пофалница за учество на Меѓународна изложба за иновации 46-та Макинова  (ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ ).