Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчеравечер во 21:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода тројца кумановци на возраст од 31, 26 и 25 години. Тие се сомничат дека на 12.10.2025 во с.Горно Којнаре, кумановско, со употреба на сила одзеле делови од автобус.
Лицата се приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
