ВИДЕО: Започнува Новогодишно-божиќниот базар

Од денеска започнува Новогодишно-божиќниот базар на градскиот плоштад. Како што информираа надлежните од Регионалната занаетчиска комора Куманово ќе бидат поставени 13 дрвени куќички за кои нема да се наплаќа закупнина со цел развивање на локалната економија.

Штандовите ќе работат секој ден од 10 до 22 часот, до 10 јануари 2026 година.

Во меѓувреме, неделава се очекува да започне и културно-уметничката програма во рамките на која на градскиот плоштад ќе настапат познати музички имиња.

На 28 декември на плоштадот новогодишен концерт ќе одржи Мартинијан Кириловски.