Приведен кумановец заради брзо возење

Деветнаесетгодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел два пати повеќе од дозволената брзина.

Според МВР, момчето било запрено на регионалниот пат во селото Љубодраг. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека управувал патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 95 километри на час во населено место каде максимално дозволена брзина е ограничена со сообраќаен знак на 40 километри на час.

– По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.