Хуманитарен турнир во мал фудбал за малиот Теодор

Во организација на Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово , викендов (сабота и недела) во салата на ООУ ,,Христијан Карпош’’ се одржа хуманитарен турнир во мал фудбал.

Сите собрани средства ќе бидат донирани за малиот Теодор Крстевски од Куманово на кого му е потребен специјализиран третман со матични клетки, закажан на 18 и 19 декември во Бугарија.