Сојузoт на Ротари клубови на Македонија засади шест илјади медоносни садници

Сојузот на Ротари клубови на Македонија ја реализираше големата еколошка акција за пошумување, во рамки на која беа засадени над 6000 медоносни садници во сите градови каде што функционираат ротари клубовите. Акцијата се одржа истовремено низ целата држава, со учество на повеќе од 500 волонтери – акцијаши, извидници, здруженија, семејства и граѓани/граѓанки.

Со оваа иницијатива, Сојузот на Ротари клубови на Македонија ја испраќа пораката дека грижата за природата е грижа за иднината на нашите деца, а заедничките акции се клучни за создавање позелена, почиста и поубава Македонија.