Меѓународна изложба на уметничка фотографија „МОТУС 2025 “ во Куманово

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – „МОТУС “ од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија „МОТУС 2025“.

На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната федрација на фотографска уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна фото асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).

Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во Изложбениот салон  на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово и ќе трае до 17.01.2026 година.