Премиера на „Сакатиот од Инишман“ на Театар Куманово утревечер во Центарот за култура

Театар Куманово утревечер премиерно ќе ја прикаже претставата „Сакатиот од Инишман“ во режија на Јане Спасиќ.

Претставата ќе се одигра во малата сала на Центарот за култура со почеток во 20 часот,  а билетите за премиерата се распродадени, информираа актерите на денешната прес-конференција.

Првата реприза на претставата е на 20 декември. Билети може да купат на билетарата на Центарот за култура.

Во претставата играат:

Кети Дончевска Илиќ

Нина Максимова

Мирослав Петковиќ

Жарко Јовановиќ

Никица Јанковски

Анастасија Трајковиќ

Марко Трајковиќ

Давид Илиќ

Владанка Крстевски.

Инаку, дел од актерите денеска истакнаа дека работат во импровизирани сценски услови надевајќи се дека со поддршка на министерството за култура следната година ќе зачекорат на големата сцена на Театар Куманово кој се реконструира веќе неколку години.

Изјави од актери на Театар Куманово.