Голем број пријатели на „Порака наша“, лиценциран центар за рехабилитација и реинтеграција, го посетија новогодишниот продажен штанд на корисниците со интелектуална попреченост во трговскиот центар „Сума“ и придонесоа за успешната реализација на базарот.
Новогодишните украси изработени од корисниците на „Порака наша“ се продаваа по симболична цена, а сите нивни производи се достапни за нарачка, со дизајн по желба на купувачите.
Базарот се реализираше во соработка со волонтери од здравствената струка во средното училиште „Наце Буѓони“.