Во Куманово викендов се одржа пријателскиот карате натпревар „RONIN OPEN 2025“, во организација на Карате клубот „Ронин Доџо“ од Куманово.
Настанот собра околу 200 натпреварувачи од сите возрасни категории, од десетина карате клубови од Македонија и Србија.
Натпреварот беше организиран во чест на два значајни јубилеи – 50 години карате во Куманово (1975–2025) и 20 години од основањето на Карате клубот „Ронин Доџо“. По тој повод беа доделени плакети и признанија на бројни заслужни карате мајстори и тренери кои во изминатите пет децении оствариле врвни резултати и дале значаен придонес за развојот на карате спортот.