Во рамки на новогодишната агенда на Општина Куманово, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, придружувана од раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, денеска го посети здружението на глуви и наглуви, објави Општина Куманово.
На корисниците им беа поделени новогодишни пакетчиња, со најискрени желби за добро здравје и среќа во Новата 2026 година.
Претставник од здружението на глуви и наглуви – Куманово додели благодарница за градоначалникот Максим Димитриевски, во знак на повеќегодишното внимание кон корисниците на центарот.