Советот на Општината на седница го усвои буџетот за следната година кој изнесува околу 3 милијарди денари.
„Буџетот на Општина Куманово за 2026 година има сериозна развојна компонента, а тоа ќе значи реализација на голем број капитални проекти, засилување на капацитетот на јавните претпријатија, финансирање на спортот, културата“, кажа градоначалникот Максим Димитриевски.