Борис Стефановски (22) од Куманово го фати крстот во базенот на Соборниот храм „Свети Никола“ во чест на празникот Богојавление- Водици. Тој е студент, четврта година на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Во езерцето кај црквата Свети Димитриј во село Тромеѓа крстот го фати осумнаесетгодишниот Марко Стошиќ.
Дваесет и петгодишниот Дарио Киревски прв стигна до крстот положен во реката во селото Пчиња.
Дваесет и тригодишниот Константин Круниславски го фати крстот во базенот Асториа во Доброшане.
Осумнаесетгодишниот Матеј Стојановски од селото Младо Нагоричане го фати крстот во селото Драгоманце.