Полициски службеници од СВР Куманово деновиве лишиле од слобода 42-годишен кумановец, постапувајќо по претходна пријава дека на улицата „Трст” во Куманово физички го нападнал 69-годишниот татко на неговата поранешна сопруга и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.